Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Граешница
Воведение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица Пречиста) — селска гробишна црква во битолското село Граешница, Македонија.[1] Црквата се наоѓа во лоша состојба, особено по иселувањето на православното македонско население од селото Граешница. МестоположбаЦрквата се наоѓа пониско од селото,[2] односно на самиот негов влез од десната страна по локалниот асфалтен пат. ИсторијаЗа храмот не се знае кога е точно подигнат и некогаш бил единствен христијански храм на просторот на селата Граешница и Лажец.[2] Сепак, според одредени други извори може да се заклучи дека тој потекнува од последните години на XV век.[3] Архитектура![]() Изграден е од необработен камен со кал, освен апсидата, која е изработена од камен, тули и варов малтер. По начинот на ѕидање и изгледот, оваа мала непретенциозна црквичка малку се разликува од селските куќи. Црквата е забележителна со својата керамодекорациja на апсидната фасада и датира од последните години на XV век. Останатите ѕидови се сосем бели, без украсување. Во просторот пред апсидата се зачувани неколку масивни камени плочи кои укажуваат на присуство на средновековни гробишта.[3] Градбата архитектонски е поделена на два дела: на исток е еднокорабен наос со димензии 7,5 × 5 м, а во западнииот дел е нартексот со главниот влез, до кој се слегува по стрмно камено скалиште. Надворешниот изглед на градбата е изменет со продолжениот нартекс со димензии 4 × 5 м. Во овој дел црквата е над метар и пол под површината и во неа се слегува по неколку камени скалила кон влезната врата. Нартексот е дограден подоцна, а во неговата внатрешност има дрвена галерија — женска црква, обновена или направена за време на реформите на Танзиматот. На јужната страна има влез со ниша над него, каде е претставена биста на Свети Никола, а над апсидата под покривот уште се гледаат остатоци од Богородица Оранта.[3] Најстарата црква имала калкански покрив со камени плочи како во Прилеп и Костур, кои стоеле сè до конзервацијата на црквата во 2002 година. Ѕидаријата е со делкан и необработен камен во комбинација со тули на полукружната апсида и со употреба на остатоци од римска гробна керамика од блиската некропола како украсен материјал. Храмот е украсен со керамопластична декорација во облик на рибина коска, рибини крлушки и христограм. Горните партии се украсени со ромбови, паралелограми, кои ја содржат буквата И (Исус), а на дното на паралелограм е буквата Х (Христос).[3][4] ФрескоживописЅидниот живопис е многу оштетен од чад и со вадење на очите на иконите. Внатрешноста е темна — има само три скромни прозорци на северниот ѕид и еден тесен на јужниот. Украсувањето е скромно, претежно присутно во олтарниот простор, а во апсидата со претставата на Богородица Поширока од небесата со малиот Исус Емануил.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia