Граешница
Граешница — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола. Потекло и значење на иметоИмето на селото доаѓа од апелативот град (градец, утврдена населба). Се смета дека слично како и селото Градешница, така и името на ова село доаѓа од фактот што тука во минатото имало утврдена населба, која се викала град или градец.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот јужен дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола, под источната страна на планината Баба, со што може да се смета како потпелистерско село. Воедно, атарот на селото се издига до сртот на Баба Планина, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 660 до 740 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 20 километри во јужна насока, додека од регионалниот пат 2333 е оддалечено скоро 2 километри.[3] До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2333. Граешница се наоѓа во источното подножје на Баба Планина, на излезот на Граешка Река од планината. Источно од селото се наоѓаат ниви на кои се одгледува пченка и жито, додека на запад се наоѓаат пасишта и шуми. Околни села се Драгош, Кишава, Лажец и Велушина. Граешница изобилува со вода, поседува две селски чешми наречени Талевчева и Ѓолганова, а во селото има и 7-8 бунари, чија длабочина е до 12 метри. Имињата на изворите и чешмите околу селото се: Света Недела, Богле Чешма, Бачилиште, Црна Река, Студен Кладенец, Садиково Кладенче, Копанки, Бошково Кладенче, Чергово Кладенче, Ноачево Кладенче и Тупачкои.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кале, Мал Присој, Голем Камен, Чукли, Мечкин Камен, Стамат, Закланик, Мачороец, Црвеница, Реван, Летника, Калдрма, Чаиорот, Ливади, Дабчето, Тумбата, Скапците, Црвена Земја, Козарка, Тапанче, Породински Пат и Рибарски Пат.[4] Селото има збиен тип и е издолжено во насока запад-исток. Селото е поделено на Горно, Долно и Отаде Маало. Првите две се наоѓаат лево од селската рекичка, а третото десно. Некои делови на селото се групирани по роднински куќи.[4] Историја![]() Покрај селото од неговата западна страна се издигнува возвишението Кале. На врвот на возвишението се забележуваат ѕидови од кружен бедем. Таму, мештаните наоѓале стари пари, а во подножјето на возвишението ископувале разни гробови. Во традицијата се наведува дека Калето бил град кој го контролирал стариот пат долж долината на Граешка Река. Судејќи по остатоците може да се претпостави дека овој град потекнува од римско време. По 1925 година, на врвот на возвишението Кале, мештаните ги подигнале црквичките посветени на Свети Никола и Свети Атанас.[4] Во Народниот музеј во Белград се чува биста на девојка изработена од печена земја, која била донесена од ова село и потекнува од третиот век пред нашата ера.[4] Остатоци од старини има и на другите месноста околу селото. Такви месноста се Мал Присој, Селиште и Присој. На Присој, околу 2 километри северозападно од селото, се наоѓа црквата „Св. Теодор“ подигната во 1926 година, а претходно на тоа место имало црквиште. До оваа црква се наоѓа многу стар бунар. Овие старини, како пренесуваат мештаните, потекнуваат од времето кога постоело утврдување на Калето. .[4] За Граешница се кажува дека е доста старо село, а првпат било споменато како „Градешница“ во турски документи од периодот 1650-1750 година. Во ова село, македонското население е претежно староседелско. До крајот на отоманскиот период, животот на населението било тешко, бидејќи многу страдале од муслиманските Арбанаси населени во селата Кишава, Острец и Лажец.[4] Арбанасот Садик-ага од Крушево се населил во Граешница и се обидел да создаде чифлиг, но во 1909 година морал да се исели од ова село поради комитите.[4] Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5] Стопанство![]() Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 19,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.059,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 417,2 хектари, а на пасиштата 381,9 хектари.[3] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3] До 1912 година, мештаните добиле малку своја земја, која главно се наоѓала по ридовите. Тогаш, поголемиот дел од нив работеле на земјата на Арбанасите од Кишава и Лажец, или пак оделе на печалба.[4] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Граешница живееле 540 жители, сите Македонци.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Граешница се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 80 куќи.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Граешница имало 424 Македонци, патријаршисти.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[9] Во 1961 година, селото броело 444 жители, од кои 422 биле Македонци, а 20 жители Турци, додека во 1994 година бројот речиси се преполовил на 218 жители, од кои 190 биле Албанци, а 28 Македонци.[3] Според пописот од 2002 селото броело 190 жители, од кои 17 Македонци, 122 Албанци (во најголем дел Македонци-муслимани) и 1 останат.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 202 жители, од кои 7 Македонци, 190 Албанци и 5 лица без податоци.[11] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Граешница:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиГраешница е македонско православно село, но по пописот во 1991 година е мнозинско албанско село. Македонските родови во селото се староседелски и доселенички.[4] Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
ИселеништвоТри семејства од родот Марковци се иселиле во Северна Америка, а од истиот род има иселеници и во Битола. Од родот Терзиовци има пет семејства иселено во Северна Америка и во Битола. Според податоците од 1953 година од ова село се имаат иселено преку 50 семејства во Битола, САД, Канада и Австралија.[4] Општествени установи
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Граешница било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Велушина, во која покрај селото Граешница се наоѓале селата Барешани, Велушина, Драгош, Жабени, Канино, Кишава, Лажец, Олевени, Острец и Породин. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Граешница, во која влегувале селата Граешница, Драгош и Кишава. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0143 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 175 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 178 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости![]() ![]()
Редовни настани
Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia