Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ - Сер
Воздвижение на Чесниот Крст (грчки: Ιερός Ναός Τιμίου Σταυρού) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1] ИсторијаЦрквата се наоѓа на улица „Георгиос Папандреу“ бр. 19. Изградена е врз постар храм, урнат во 1990 г. и зачувани се само северниот и јужниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Во 2000 г. апсидата е живописана со претставата на Богородица Поширока од небесата. Во април 2006 г. почнал да се работи мозаикот. Храмот е осветен на 10 септември 2006 г. од митрополитот Теолог Серски. Во октомври 2009 г. почнало живописувањето на страничните кораби на наосот. Во женската црква има два параклиса — „Св. Катерина“ и „Св. Арсениј“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia