Црква „Вознесение Христово“ - Граешница
Вознесение Христово (или Св. Спас) — главна селска и гробишна црква во битолското село Граешница, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на самото сретсело.[2] ИсторијаОвој храм бил изграден во 1860 година,[2] што го дознаваме од записите над јужниот влез во храмот, како и врз фасадата на камбанаријата. Таа била подигната во време на митрополитот Венедикт, кој управувал со Пелагониската митрополија.[3] АрхитектураПо својот архитектонски облик претставува трикорабна градба со тремови на јужната и делумно на западната страна. Над западниот влез, црквата е надвишена од високата камбанарија.[3] Со внатрешноста на градбата се комуницира преку јужниот и западниот влез. Централниот дел од градбата е поделен на три кораби, со два реда од по неколку столбови.[3] ФрескоживописЗа разлика од страничните равни таваници, над централниот кораб се надвишуваат неколку слепи калоти насликани со ѕидно сликарство. Во едната од нив, каде е поставена допојасната претстава на Христос Седржител, испишана е годината 1868. На сводните партии насликано е уште допојасјето на Хростос Емануил, а над олтарниот простор се монументалните фигури на св. Тројца. Во нишата од апсидата сочувани се мали остатоци од допојасната претстава на св. Богородица, а во долниот дел се архиереите: св. Василиј, св. Григориј, св. Спиридон, св. Никола, св. Атанасиј и св. Јован Златоуст. Малата ниша од протезисот е исполнета претставата на мртвиот Христос.[3] ИконостасНаосот од црквата е издвоен од олтарниот простор со иконостас врз кој се поставени три реда на икони. Најдолниот, основен ред го сочинуваат престолните икони, а во горните две зони се поставени икони со претстави на апостолите, други поединечни светители и претстави, како и сцени од Великите празници. Врз позадината од престолната икона на св. Богородица со малиот Христос, зографот испишал поопширен авторски запис од 1884 година во кој соопштува дека иконата е дело на Димитар Анастасов од селото Магарево. Според стилскиоликовните карактеристики, изгледа дека повеќето икони од иконостасот се негови дела. Нему можат да му се припишат и иконите од певницата подигната на еден од северните столбови во наосот, со повеќе икони на Исус Христос, евангелистите и ѓаконите од 1884 година.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia