Црква „Вознесение Христово“ - Ињево
Вознесение Христово или Свети Спас — црква во селото Ињево.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на неколку стотини метри пред влезот на селото, поточно од левата страна на патот кој води од селото Дедино. ИсторијаЦрквата е изградена во 1872 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Познато е дека иконите биле изработени во XIX век од непознат автор.[2] АрхитектураЦрквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Кон западната и северната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и по еден спореден влез на јужната и северната страна. На западниот ѕид над припратата има слепа ниша над којашто има окно, а од кровот на западната страна се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и има по еден прозорец на секоја страна. Објектот е изграден од камен, а варосани се само западната и северната страна, апсидата и камбанаријата. Црквата во целост е покриена со кров од ќерамиди. Внатрешноста не е зографисана.[2] Во дворот на црквата има трпезарија и помошен објект. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia