Црква „Св. Петка“ - Ињево
Света Петка — манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Петка“. ИсторијаКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 17 ноември 1994 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан, а била доврешна во текот на следната година и осветена на 22 октомври 1995 година.[1] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. Куполата е изработена од црвени тули и не е малтерисана освен на рабовите на осумте страни кои се во бела боја. Во средината на секоја страна на куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има ниша со мозаик на којшто е претставена Света Петка. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е изграден од тули и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Иконите во црквата биле изработени од страна на зографот Стефан од Охрид.[1] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia