Црква „Воскресение Христово“ - Бер
Воскресение Хрисово или Христос Спасител (грчки: Ανάστασης του Σωτήρος Χριστού του Καλοθέτου) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[4] Првичниот храм бил еднокорабна црква со дрвен покрив и шешстаголна апсида. Во XVIII век од север, запад и југ е изграден затворен трем, урнат во XX век.[1][3] Според ктиторскиот натпис, храмот почнал да го гради Ксенос Псалидас на крајот од ΧΙΙΙ век, и по неговата смрт е довршен од сопругата Ефросина на почетокот на XIV век.[1][3] Во 1314 г. сопственоста на манастирот „Христос Спасител“ од монахаот Игнатиј Калотет е потврдено со хрисовул од царот Андроник II Палеолог.[1] Во 1315 г. храмот е осветен од епископот Нифонт Берски.[3] Црквата е зографисана во 1314/5 г. од Георгиос Калиергис. Внатрешноста е поделена на три подрачја. Во најниското се светци во полн раст, во средното и потесно подрачје има бисти на евангелистите, пророци и светци, додека пак во најгорното подрачје има сцени од Дванаесетте празници. Посебно место во иконографијата на храмот зазема претставата на Распетието и Воскресението на Христос, претставено на два лака, обликувани во северниот и јужниот ѕид. Интересна е и фреската на која е претставен монахот Игнатиј Калотетос.[1] Храмот има фрески и од 1326 и 1355 г. со претстави на месни првенци како Марија Синадини на западната фасада, како и од 1727 г. над надворешната површина на северниот ѕид од првичната црква. На натписите врз тие фрески спомнуваат имиња на жители на градот.[1] Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia