Црква „Воскресение Христово“ - Дедебалци

Воскресение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Добрушевско-дедебалска
Местоположба

Карта

Координати 41°06′45.6″N 21°29′04.8″E / 41.112667°N 21.484667°E / 41.112667; 21.484667
Место Дедебалци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Архитектонски опис

Воскресение Христово — главна селска црква во селото Дедебалци.[1] Црквата се наоѓа пред влезот во селото, од десната страна на патот кој води од селото Новаци.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Кон западниот и јужниот ѕид на црквата е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажано Исусовото воскресение, а споредниот влез е сместен на јужната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Димитриј. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта, а има и помошен објект. Камбанаријата се издига во источниот завршеток на помошниот објект. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една бифора.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya