Новаци
Новаци — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Пелагонија, во околината на градот Битола. Претставува едно од најголемите села во Битолско и Битолското Поле. Лежи на регионалниот пат 1311 кој води од Битола преку Селечка Планина за битолскиот дел на Мариово. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат е запишано како Новак или Новаци во турски документи од 1468 година. Името се поврзува со множинската форма на личното име Новак, но и со новак со значење на новодојден. Како друго објаснување за името стои дека Новаци можело да значи „место каде што живеат луѓе кои потекнуваат од Новак“.[2] За името на селото постои и легенда според која селото се создало подоцна од околните села, па затоа останатите започнале да ги нарекуваат новаци (како новодојдени), име кое со текот на времето се пренело и на селото. Друга претпоставка е дека доаѓа од името на првиот жител на ова место Новак, кој прв со своето семејство се населил на овие простори.[3] Географија и местоположба![]() Новаци е големо село, сместено во средишниот дел на Битолското Поле и претставува седиште на истоимената општина. Се наоѓа на регионалниот пат 1311, кој води за битолскиот дел на Мариово. Низ селото поминува и регионалниот пат 2340 кој се движи низ Пелагонија.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 576 метри. Од градот Битола е оддалечено 11 километри.[4] Новаци е големо полско село распослано долж патот Битола-Мариово. Се наоѓа на работ од некогашното Рибарско Блато. Во минатото, водата за пиење ја добивало од 70 пумпи, длабоки и до 7 метри, како и од неколку бунари.[5] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Цуцулица, Мост, Делои, Песоци, Табачица, Чачорица, Лакоица и други.[5] Селото има збиен тип, поделено на три маала: Горно, Долно и Горни Куќи. Првите две маала се едно до друго и се постариот дел од селото, додека маалото Горни Куќи е малку издвоено кон исток. Таму биле населени колонизаторските родови.[5] Често било поплавувано од Суводолска Река, која нанесувала големи штети на нивите и на куќите. Исто така, дел од селските куќи понекогаш ги поплавува и реката Црна.[5] Историја![]() Во самото село, но и околу него, нема остатоци на старини. Во него нема ни староседелско население, со што се потврдува дека денешното село не е старо село. Новаци од самото основање се наоѓа на истото место. Мештаните еднаш морале да живеат во колиби во месноста Табачица, поради појава на чума.[5] Според кажувањата на постарите новачани, на сегашната територија на Новаци многу години наназад се простирала огромна бара, при што тој дел не бил воопшто населен. Со повлекувањето на водата од барата тука се појавила плодна почва при што голем број луѓе почнале да се доселуваат во овој дел.[5] Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 2 и 12 септември) во една изјава за купопродажба. Во овој документ е запишано дека Мехмед Челеби изјавува пред судот дека својот чифлик во с. Новаци (Битолско), му го продал на Ибрахим-ага за 9.000 акчиња.[6] Во 1912 година, Новаци било мало и чифчијско село. Во него постоеле неколку чифлици, кои биле во сопственост на битолски Турци и на еден битолски Влав.[5] За време на Балканските војни и за време на Првата светска војна, селото било двапати разурнато, односно во 1912 и во 1916 година. Мештаните си оделе, па се враќале двата пати.[5] Во 1912 година, во Првата балканска војна, во селото се воделе тешки борби во склоп на битката кај Битола. По Првата светска војна, за време на Кралството Југославија на државна земја биле донесени 19 колонизаторски семејства (12 српски, 4 германски и 3 унгарски). Тие биле протерани за време на Втората светска војна.[5] Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 12 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 980 хектари, на пасиштата отпаѓаат 111 хектар, додека шумско земјиште нема.[4] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.[4] Во 1925 година во селото бил создаден државниот комбинат „Прогрес“, кој по Втората светска војна бил проширен со одземање на земја од селаните во Новаци, како и од селата Горно и Долно Агларци, Добромири и Суводол.[5] Селото има карактеристична полјоделска функција, поради тоа што неговото население се занимава главно со земјоделство (одгледување жито). Во близина на Новаци се наоѓа рударско-енергетскиот комбинат РЕК Битола, најголемата подружница во составот на АД Електрани на Македонија, како и фабриката ФОД „Новаци“, па еден дел од населението е вработено и во овие индустриски капацитети. Население
![]() Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новаци живееле 450 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ноаци имало 440 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новаци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[11] Новаци е големо село со позитивен популациски биланс. Така, во 1961 година Новаци броело 1.048 жители, од кои 1.044 биле Македонци и 4 жители Срби. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.279 жители, главно, македонско население.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Новаци живееле 1.283 жители, од кои 1.281 Македонец и 2 останати.[12] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.107 жители, од кои 1.041 Македонец, 3 Албанци, 3 Срби, 6 останати и 54 лица без податоци.[13] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиНоваци е македонско православно село, а помеѓу двете светски војни, српската власт населила неколку колонистички семејства во Новаци, сите родови во селото се доселенички.[5] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1956 година родови во селото се:
ИселеништвоВо Втората светска војна, во Србија заминале колонизаторските семејства Цанковиќи, Богдановиќи, Вулетиќи, Милутин, Драгутин, додека германските семејства заминале во Австрија.[5] Од Добромири иселеници има на следните места: Ласковци (3 к.) се иселиле во Олевени, Петрески (2 к.) живеат во Долно Егри, Стојаноски (1 к.) живеат во Гнеотино, Беловолновци (3 к.) живеат во Логоварди, Ванчовци (2 к.), Таневци (2 к.), Копановци (1 к.), Тасески (1 к.) и Винарот (1 к.), се иселиле во Оптичари. Од родот Коларовци едно семејство заминало во Битола. Сосем се иселил родот Белчевци.[5] По 1960-тите години започнал бран на емиграција. Бројот на иселени лица изнесува над 500 лица. Најмногу се иселени во градовите Битола, Прилеп и Скопје, како и во прекуокеанските земји и во Европа.[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Новаци било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Селото било седиште на истоимената општина, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната општина Новаци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Новаци. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Новаци, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врановци, Гнеотино, Горно Агларци, Грумази, Добромири, Долно Агларци, Мегленци, Ново Село, Долно Орехово, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Општината Новаци постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале следниве села: Билјаник, Добромири, Новаци и Рибарци. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 0161 и 0161/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на салата.[18] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 992 гласачи.[19] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 988 гласачи.[20] Културни и природни знаменитости
Во февруари 2015 година, за време на големата поплава предизвикана од излевањето на Црна Река, црквата посветена на Пресвета Богородица била поплавена при што биле уништени фреските.[24] Во минатото во селото постоела уште една црква на местото на денешното старо училиште, за која мештаните кажуваат дека се водела како грчка.[5]
Редовни настани
Личности
Култура и спортВо селото работи ФК Новаци, создаден во 1956 година.[26] Долг период игра во Втората македонска фудбалска лига. Во 2006 година клубот испаѓа во Третата македонска фудбалска лига и само по две сезони (2008 г.) Новаци успева да ја продолжи традицијата и повторно се враќа во Втората лига. Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia