Црква „Пресвета Богородица“ - Горно Село
Пресвета Богородица – главна селска црква во Горно Село.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото, на површина којашто ѝ дава доминантна положба во поглед на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1890 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со седум слепи ниши.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спроеден влез на јужната страна. Над обата влеза има по една ниша со фреска во лоша состојба. На јужниот ѕид има два прозорци и едно помало окно во нискиот источен дел, а два прозорци има и на северниот ѕид од храмот. Објектот е изграден од варовник и во целост е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia