Општината Долнени се наоѓа во северниот дел на котлината Пелагонија односно во северниот дел на Прилепско Поле.
Историја
Стопанство
Заклучно со 2017 година, во Општина Долнени биле активни 197 деловни субјекти, од кои 151 микро, 45 мали и 1 среден.[2] Главна стопанска гранка во Општина Долнени е земјоделството, особено производство на тутун, пченица и јачмен.
Произведени жита, индустриски, градинарски и фуражни растенија во Општина Долнени во 2017 година[3]
Според пописот од 2002 година, во општина Долнени живееле 13.805 жители.[4][5] Според последниот попис од 2021 година, во општината живееле 13.128 жители.
Градоначалник на општина Долнени е Џемил Ќамили од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[7] Советот на општина Долнени е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
СДСМ: 3 места
ДУИ: 3 места
ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
АА: 2 места
БЕСА: 1 место
ДПА: 1 место
ДПТ: 1 место
Независни: 2 места
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
ФК.ИЛИНДЕН е формиран на 2 август 2006 година во с.Долнени општина Долнени. Во A-лига на ОФЛ Прилеп сезона 2014/15 на стадионот "Под Рудина"
Шампион во Б-лига ОФЛ Прилеп сезона 2013/14 и пласман во А-лигата на ОФЛ Прилеп и шампиони во истата сезона 2014/15