Црква „Пресвета Богородица“ - Двориште
Пресвета Богородица — главна селска црква во малешевското село Двориште. Црквата се наоѓа на височинка која ѝ дава доминантна позиција над остатокот од селото.[1] ИсторијаЦрквата била изградена во почетокот на XX век од страна на доселеници од Рибница, Пиринска Македонија.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна, со петострана апсида однадвор.[2] Таа во целост е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. До внатрешноста на црквата води главниот влез од западната страна и спореден влез на јужната страна. На сите страни од црквата има повеќе прозорци. Иконите во црквата се изработени од локални зографи со средства од месното население.[2] Камбанаријата има квадратна основа и се издига веднаш пред главниот влез од црквата. Таа се состои од четири дела, при што секој следен дел кон врвот има помала основа. На секоја од страните од вториот до четвртиот дел има по еден прозорец. Камбанаријата е изградена од тули и е покриена со лимен заоблен пирамидален кров. Во дворот на црквата има и трпезарија, која е сместена од левата страна на главниот влез од црквата. Во дворот на црквата има повеќе гробови и гробни споменици. Еден од гробовите припаѓа на народниот херој Ацо Русковски, по кого е наречено и единственото средно училиште во градот Берово. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia