Црква „Пресвета Богородица Десна“ - Солун
Пресвета Богородица Десна (грчки: Παναγία Δεξιά) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот е сместен во централната населба Камара, на главната улица „Егнатија“ бр. 155 и истоимената „Панагија Дексија“. Во османлиско време на нејзино место се наоѓал храмот „Св. Ипатиј“, играден во 1818 г. како подарок од халкидичкиот манастир „Св. Анастасија Узорешителница“. Според Василис Димитријадис, храмот е подигнат во 1727 г. на местото на византиската црква „Пресв Богородица Голема“ (Μεγάλη, Τρανή Παναγία), спомената во документи од 1542 и 1546 г. и во два ракописа од XIV век. Во 1727 г. црквата почнала да се нарекува „Св. Ипатиј“. Во 1912 г., кога ротондата „Св. Ѓорѓи“ повторно станала црква, „Св. Ипатиј“ влегол во нејзината парохија. „Св. Ипатиј“ има типична преродбеничка архитектура — трикорабна базилика со дъвен покрив, мали димензии и мала висина.[2] Со порастот на населението се јавило потреба од поголем храм. Камен-темелникот на новата црква е поставен на 4 ноември 1956 г. од митрополитот Пантелејмон I Солунски, а црквата е отворена на 20 јули 1976 г. од митрополитот Пантелејмон II.[2] Преименувана е по чудотворната икона на Богородица која се чувала во „Св. Ипатиј“.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia