Црква „Пресвета Богородица Лагудјани“
Пресвета Богородица Живоносен Извор (грчки: Ζωοδόχος Πηγή) или Народоводителка (Λαοδηγήτρια), позната и како „Пресвета Богородица Лагудјани“ или „Лагудату“ (Παναγία Λαγουδιανή, Λαγουδάτου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] ![]() Црквата се наоѓа во Горниот Град, на раскрсницата на улиците „Олимпиада“ и „Јулијанос“. Изградена е на местото на византиски женски манастир со истото име, веројатно основан во XIV век како метох на манастирот Влатадон. Името веројатно се должи на ктиторот Лагудјатис или Лагудатис. Во османлиско време се нарекувал Тавшан-манастир (Tavşan Manastır), што значи Зајачки манастир. Храмот го добил денешниот изглед со целосна реконструкција на почетокот на XIX век, финансирана од трговецот Јоанис Кафтанѕоглу. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време. Од југ има прилепен параклис со аркаден покрив, во кој има свет извор.[1] Царските икони „Христос Седржител“ (1806), „Богородица Сеецарица“ (1806), „Свети Јован Богослов“ (1806), „Свети Давид Олимписки“ (1806), „Свети Никола на престол“ (1809) и „Свети Атанасиј“ (1809) се дело на Давид Зограф.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia