Црква „Пресвета Богородица Нова“ - Солун
Пресвета Богородица Нова (грчки: Ιερός Ναός της Νέας Παναγίας) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата се наоѓа во крајбрежното подрачје југоисточно од градскиот центар, на почетокот на улица „Димитрис Гунарис“ и меѓу улиците „Цимискис“ и „Митрополис“. Во минатото се нарекувала „Пресв. Богородица Голема“ (Μεγάλη Παναγία, Τρανή Παναγία). Изградена е во 1727 г. според мермерниот натпис над јужната врата. На нејзино место се наоѓал манастирот „Пресв. Богородица“, основан од Иларион Мацунис и запален во 1690 г.[1] Во 1727 г. е изработен живописот, дело на Давид Селеница.[2] Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. На западната страна има трем, а на јужната има подоцна дограден неокласичен портик со камбанарија над него. Во 1978 г. камбанаријата настрадала во земјотрес, и потоа изградена одново. Внатрешноста има зачувани вредни украси. Во жртвеникот и во женската црква има забележителни фрески од XVIII век, изработени во духот на палеолошката уметност. Резбаниот иконостас е позлатен. Владичкиот престол, амвонот и таванските фрески се од XIX век.[1] Иконата на Богородица Слаткољубива е дело на Јоанис Папаталасиу.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia