Црква „Пресвета Богородица Пројавена“ - Солун
Пресвета Богородица Пројавена (грчки: Παναγία Φανερωμένη) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата се наоѓа на улица „Аркадиуполи“ бр. 20, во центарот на истоимената населба. Изградбата започнала во 1955 г. од самите мештани, од кои највеќето биле грчки дојденци Мала Азија и Источна Тракија. Во 1961 г. изградбата завршиле и храмот е отворен на 14 мај од митрополитот Пантелејмон Солунски. Името го носи по иконата Богородица Пројавена (Фанеромени) донесена од црквата во долното маало на источнотракиското село Авдими (Учмакдере) од каде дошле Грците. Во 1889 г. црквата била запалена заедно со неколку куќи во подрачјето, но иконата останала и била спасена. Во 1914 г. бегалци од селото се населиле во Солун, понесувајќи ја со себе чудотворната икона. Иконата е поставена во црквата „Св. Агапија, Ирина и Хионија“ подигната во 1920 г., а во 1961 г. е префрлена во истоимената црква.[2] Новиот храм претставува трикорабна базилика. Внатре има впечатлив владички престол од мермер.[3] Храмот има и параклис „Св. Јоаким и Ана“.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia