Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа на самото сретсело, во непосредна близина на основното училиште. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата е сместена во Горно Маало на селото Бучин.[3] ИсторијаЦрквата е подигната кон крајот на XIX век.[3] АрхитектураЦрквата поседува живопис и иконостас, на кои во 1876 година имаат работено крушевските мајстори Анастас Зограф и Никола Михајлов.[4] ФрескоживописНикола Михајлов има работено на ѕидното сликарство на претставите Раѓање на Богородица (во патронската ниша на западната фасада) и на Исус Христос (над јужниот влез). Според теренските истражувања на Ј. Тричковска, доминантното учество на Никола во оваа црква е во живописувањето на олтарскиот простор, каде што во конхата на жртвеникот е реализирано мошне невообичаено решение со сместувањето на Тајната вечера покрај Погребението Христово. Во останатиот дел од храмот, рамноправно учествувал и неговиот соработник, што може да се заклучи од натписот сочуван над влезната врата.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia