Анастас Зограф
Анастас (Атанас) Христов Зограф или Анастас Ангелевич (fl. 1826–1888) — истакнат македонски зограф и иконописец од Крушево.[1][2] ЖивотописРоден е во градот Крушево. Работел заедно со синовите Коста, Вангел и Никола до 1870 г.[1] Прво негово дело се иконите во „Св. Богородица“ во Бела Црква кои ги изработил во 1826 г.[1][2] ![]() ![]() Во 1839 г. бил спомагач на делото „Службата на Евреите и сите нивни злодела“ (Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ), преведено на народен јазик од Натанаил Кучевишки.[3] На една икона на Свети Мина во црквата „Св. Мина“ во Гарниково, Кавадаречко, во долниот дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840“.[4] Во 1842 г. заедно со Наум ги насликал фреските во црквата „Св. Никола“ во Ошин, Мегленско.[5] ![]() Во 1868 г. насликал дел од иконите за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Крушево. На иконата на Свети Илија оставил натпис: „Сіѧ стаѧ икона пророка Иліа приложиѧ еснафъ кюркъцискыи, на новиїо храмъ Успеніе Богородицы въ Мало миѧчкѡ, приложи ѧ за душевно егѡ спасеніе въ вѣчно споминаніе и срукю Атанасъ съ сынови егѡ ѿ Крушево 1868 иуніѧ 19.“[2] Натгписот на „Собор Апостолски“ гласи: „Сіѧ стаѧ икона дванадѣсетъ апостолы приложиа еснафъ дулћерскы масторы міѧцы проложиа въ храмъ престыѧ Богородицы за душевно егѡ спасеніе ивоъ вѣчнѡ споменаніе исруки Анастасови иконописателъ м. іуниѧ 20 1870.“[2] Во женската црква е иконата на Воведение Богородично, која е потпишана „Исъ рукі Анастасови 3: 1868.“[2] Во 1876 г. работел со Никола Михајлов на живописувањето и иконостасот во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин, Крушевско.[6] Во 1888 г. Анастас со синовите Вангел и Никола ја насликал црквата на Ошинскиот манастир „Свети Архангел Михаил“.[7][8] Негова недатирана икона има во манастирската црква „Св. Архангели“ во прилепски Варош. Натписот гласи „Иконописателъ Атанасъ ѿ село Крушево.“[2] Негови се и иконите ви „Успение на пресв. Богородица“ во Злетово, Пробиштипско,[9] во „Св. Троица“ во Горно Трогерци, Штипско[10] и во „Успение на пресв. Богородица“ во Немањици, Светиниколско.[11] Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин
Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia