Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Солун
Пресвета Богородица Скоропослушница или Рождество на Пресвета Богородица, наречена и Панагуда (грчки: Παναγίας Γοργοεπηκόου, Παναγούδα) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата се наоѓа на аголот на улиците „Егнатија“ и „Герман Патраски“. Изградена е во 1818 г. на местото на постар грам со истото име, уништен од пожар во 1817 г. Можно е на местото да имало и византиска црква, судејќи по реликвиите од византискиот период што се чуваат во храмот. Можно е да се работи за „царскиот“ манастир споменат во XII, XIII и XIV век. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време. Според изворите, храмот е изграден поголем од пропишаното во дозволата од османлискат авласт.[1] На храмот работеле зографи од Кулакиската школа; во 1820 г. на неа работел Маргарит Ламбу,[2] а во 1890-тите години на XIX век и Митакос Хаѕистаматис.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia