Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Трновци

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Ивањевска
Местоположба

Карта

Координати 41°14′47″N 21°19′50″E / 41.24639°N 21.33056°E / 41.24639; 21.33056
Место Трновци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1883
Архитектонски опис

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Трновци.[1] Црквата е сместена во крајниот југозападен дел од селото.

Историја

Црквата е изградена во 1883 година, а била обновена по Првата светска војна во 1926 година, како и во 1980 година.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а на јужната има спроеден влез. Пред обата влеза има натстрешница. Во горниот дел од јужниот и северниот ѕид има по четири залачени прозорци со иста големина кои се поставени во линија. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Со кров од ќерамиди се покриени и натстрешниците, додека апсидата е покриена со лимен кров.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, помошен објект, селските гробишта и базен за верски обреди. Камбанаријата е сместена во непосредна близина на главниот влез, од неговата страна. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот е сместен на источната страна а над него се изрежани имињата на лицата заслужни за нејзината изградба. Во горниот дел на скоја страна од камбанаријата има по една бифора.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трновци Архивирано на 25 ноември 2018 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya