Трновци
Трновци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола. Потекло на иметоИмето на селото првпат е забележано во 1335 година. Се верува дека потекнува од трн и дека ова сега претставува само придавна форма, или пак дека е множинска форма од трновци, луѓе кои живееле во месноста Трново или Трнов Дол.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот северен дел на Битолското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Могила, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 метри.[3] Селото се наоѓа помеѓу полето на запад и планината на исток. Околни села се: Бучин, Свето Тодори, Древеник и Бела Црква.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бозд, Елезоа Ограда, Црни Земји, Три Круши, Чаирче, Чолачица, Грчалница, Једјабара, Мемоица, Фератагица, Листој, Ливадичиња, Тутунски Пат, Ќерамидница, Караџоица, Лопатка, Амзодаб, Партало, Крувче, Ендечиња, Гола Мртвица, Воѓански Пат, Шиклејца, Бучински Пат, Лозја, Под Село, Забел, Липа, Вртешка, Вирои, Куса Присојница, Длаги Рид, Клапа, Солишта, Гарваноец, Водоврица, Сарај, Мала Река, Асаној Шпили, Бегоа Корија, Пачкоец, Габерче, Кале, Коларник, Бели Брежиња, Осојница и Рамнина.[4] Селото има збиен тип и е поделено на три маала: Горно, Оно и Долно Маало. Маалата се состојат од роднински куќи.[4] Селото се наоѓа во Битолското Поле, оддалечено 29 километри североисточно од Битола, а 21 километар од општинското средиште Могила.[5] ИсторијаСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот вилает кога имало 22 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[6] На тромеѓето помеѓу селата Трновци, Древеник и Света, се наоѓа утврдувањето Кале (1.425 метри), каде биле пронајдени мали траги од градби и заштитниот бедем околу нив. Биле ископувани и стари монети.[4] Во средиштето на Долно Маало селаните донеле мермерен столб, висок 1,2 метри, најден во месноста Висои, сместена во полето. На него порано постоеле одредени написи. Во месноста биле пронаоѓани и други блокови, ќерамиди и земјени садови.[4] Селото се смета за стара населба, спомената уште во средниот век. Во 1335 година било предадено од страна на Цар Душан на манастирот Трескавец, во близина на Прилеп. Селото, најпрвин, било православно словенско село, но од почетокот на XVIII век, тука се населувале муслимани. Поради тоа, еден дел од христијаните го примиле исламот, а друг дел од христијаните во текот на XIX век се иселиле. Најмногу се иселиле во соседните села: Свето Тодори, Ивањевци, Новоселани (Битолско) и Бучин.[4] Во минатото, во Горно Маало постоела црква посветена на Свети Атанас. Денес, нема остатоци од таа црква и таму биле изградени некогашните муслимански куќи.[4] Во XIX век, Трновци било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 11,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 620 хектари, на пасиштата отпаѓаат 202 хектари, а на шумите 232 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трновци живееле 450 жители, сите Македонци-муслимани.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Турци.[9] Во минатото целото население во Трновци го сочинувале Македонци од муслиманска вероисповед. Во 1953 година, биле регистрирани 1.312 жители во селото, од кои најголем дел се иселиле во Турција. На нивно место се населуваат Македонци христијани од областа Железник.[10] Трновци во 1961 година имало 839 жители, од кои 808 биле Македонци, а 27 жители Турци. Во 1994 година, бројот се намалил на 435 жители, од кои 373 биле Македонци, 36 Албанци и 25 жители Турци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Трновци живееле 427 жители, од кои 383 Македонци, 30 Албанци, 13 Турци и 1 останат.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 193 Македонци, 51 Албанец, 8 Турци, 3 останати и 25 лица без податоци.[12] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Трновци:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиТрновци е торбешко-македонско село. Сите родови секогаш говореле на македонски јазик, дури и муслиманските родови, кои имаат турско, албанско и словенско потекло.[4]
Општествени установи![]() Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Трновци, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Српци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0186 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 312 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 306 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
ИселеништвоПокрај христијанското население кое се иселило во XIX век, од селото по 1912 година се иселиле скоро 50 муслимански домаќинства. Се преселиле во градот Битола или заминале во Турција.[4] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia