Црква „Свети Никола“ (Ереманс)
Црква „Свети Никола“ во Ереманс — католичка црква во Ереманс и главно дело на модерната архитектура во Швајцарија, сведок на бруталистичкото движење. ИсторијаСтарата парохиска црква, која датирала од 1770 година, била тешко оштетена од земјотресот во 1946 година и морало да биде урната во 1967 година. Дел од верските движнини, вклучувајќи слики и статуи, биле преместени во новата градба. Во 1961 година, архитектонски натпревар за целосна реконструкција доведе до околу петнаесет проекти, вклучувајќи го и оној на Валтер Фердерер, архитект-скулптор во Базел. Архитектонското биро Моризод, Кибурц, Фурер соработувало на делото и било одговорно за неговата реализација. Првиот камен бил благословен во 1968 година, а работата била завршена три години подоцна, во октомври 1971 година. Ѕвоната биле од леарницата Ешман во Вил, додека оргулите ги изработила работилницата Ханс Фиглистер од Гримизуа. Оваа црква со своето силно монументално присуство се прилагодува на наглата конфигурација на теренот. Се прилепува на падината со низа изградени волумени, скали и скалила, во кои преовладува камбанаријата, која наликува на кула. Овие сложени облици, прободени со аголни отвори, ја прават вистинска скулптура во суров бетон.[1] Со вкупен капацитет од 1 500 места од кои 500 за седењет, со своите 37 м градбата преовладува на селскиот плоштад. Внатрешноста, со своите седишта распоредени во полукруг околу амвонот, олтарот и современата крштеница, со своите назабени облици дава впечаток на пештера опкружена со галерии кои овозможуваат циркулација на повеќе нивоа. Голем дел од верските движнини од старата црква бил повторно искористен, вклучително и голем дрвен Христос од XI век, различни статуи, вклучувајќи ја и онаа на Свети Никола, како и сликите во масло на крсниот пат (дела на непознат сликар, но подарени во 1774 година од капетанот Жан Мајораз). Оваа извонредна градба е дел од културните добра од национално значење во Швајцарија. Галерија
Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia