Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велушина
Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Велушкиот манастир во битолското село Велушина, Македонија.[1] МестоположбаМанастирската црква е подигната на возвишение над селото, до која води тесен асфалтен пат. ИсторијаМанастирската црква била изградена во 1839, а живописана во 1848 година.[2] Црквата, како и самиот манастир, настрадала за време на борбите во Првата светска војна.[3] Архитектура![]() Храмот Св. Ѓорѓи претставува релативно мала трикорабна градба поставена кон средината на манастирскиот двор. Од југоисточниот агол, црквата е надвишена со камбанаријата изведена од делкан камен. Во светилиштето се влегува низ тремовите од јужната и западната страна. ФрескоживописНад јужниот влез, во внатрешноста на храмот, постои опширен натпис во кој се внесени важни податоци поврзани со сликањето на црквата. Во натписот се испишани сите оние кои помогнале да се наслика овој свет храм. Испишана е и годината 1848 како време на изработката на живописот. Живописот бил дело на Јован Зограф, кој самиот за себе кажува дека по потекло бил од селото Хјонатон или Хјонадес, но дека оттаму се преселил во Трново.[2] Во насликаната програма Јован Зограф во долниот појас, вообичаено ја поставил галеријата на стоечки светители во цел раст. Во горните партии се сцените со претставите на Христовиот живот и страдања. Заслужува внимание илустрирањето на сцени од детството и успението на Св. Богородица како и од поетската композиција позната како Акатистот на Богородица. На темето од полукружниот свод се поставени во медалјони допојасните претстави на Св. Јован Крстител, малиот Исус обележан како Емануил како и Христос Пантократор или Седржител. Над иконостасот се претставени Светото Тројство и тоа Господ Саваот, Исус Христос и Светиот Дух.[2] Стилот на Јован Зограф е импресивен, на многу места успешно ги соединува традиционалната поствизантиска иконографија и новите решенија инспирирани од западната уметност кои продираат на нашиве простори веќе од втората половина на XVIII век. Неговите композиции како што се на пример сцените од Христовиот живот или од Акатистот на Св. Богородица исполнети со многу учесници, изнесени во еден раскажувачки стил, со многу детали.[2] ИконостасИконостасот во црквата, кој го одвојува олтарниот простор од централниот дел, исполнет е со икони работени од повеќемина зографи. Според стилските одлики, изгледа дека претставата на Архангел Михаил врз вратата на северниот дел од иконостасот е дело на Јован Зограф, авторот на ѕидното сликарство. Од првата половина на XIX век е датирана и големата икона на Св. Ѓорѓи, патронот на храмот. Другите престолни икони како и иконостасниот крст, стилски се блиски со творештвото на браќата Константин и Димитар Анастасови од Магарево. Од нив најверојатно се и насликаните медалјони со претставата на Благовештението врз царските двери украсени со резба. Иконите од горниот ред на иконостасот, вкупно 15, со сцени од животот на Христос, се одликуваат со една поинаква ликовна и колоритна звучност во однос на другите дела. Според Ристо Палигора, впечатокот е дека корените на овој ликовен пристап со тенденција кон идеализирање и сцени поставени во перспектива низ класицистички архитектонски форми, се инспирирани од примери на постарите западни мајстори од другата страна на Јадранот, чија уметничка филозофија била блиска на ренесансната уметност.[4]
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia