Селото Трново се наоѓа во подножјето на планината Баба, западно од градот Битола.
Историја
Трново во почетокот на XX векРазгледница од почетокот на XX век на која се претставени манастирите од Буково, Трново и Барешани
Трново најпрво било словенско село, на што јасно укажува името на селото. Најстар помен за ова село е од првата половина на XVII век.[2] Власите во Трново се доселиле во втората половина на XVIII заедно со оние во соседното село Магарево.[2] Најпрво се доселила една група Албанци муслимани од околината на Корча, а потоа се доселиле две побројни групи: Власи од Москополе, Грамошта и Клисура и православни Албанци од околината на Корча и Колоња.[2]
Трново во XX век
Во почетокот на XX век, Трново било во најголем процут од неговото постоење. Во центарот биле сместени занаетчиски, трговски дуќани и фурни. Но, егзодусот што им се случил на жителите што биле од Москополе се повторил за време на војната. Тука минувала линијата на фронтот на завојуваните страни. Бугарите ги интернирале жителите од селото, а француската артилерија ги разурнала сите куќи. Според хроничарот Такец, Винстон Черчил забележал дека во борбите за Битола и околината од двете противнички страни стоеле под оружје по 190.000 војници со по околу 900 топови. Сојузниците под командата на генералите Сарај и Милн во Битола влегле во почетокот на ноември задржувајќи ја линијата на фронтот во непосредна близина на градот неполни две години. Поради изменетите услови за живеење и разурнатото село голем дел од жителите се иселиле во Битола, Србија, Грција, особено во Лерин, Романија, Бугарија и во други држави. Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква „Света Богородица“ подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битола и околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.
Според пописот од 2002 година селото има 278 жители и тоа:[8] 146 Македонци, 82 Албанци, 48 Власи, 1 Србин и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 263 жители, од кои 130 Македонци, 69 Албанци, 2 Турци, 34 Власи, 1 останат и 27 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
309
1953
125
41
39
—
101
—
—
—
—
306
1961
170
10
55
—
...
—
—
57
—
292
1971
186
44
39
—
...
—
—
78
—
347
1981
223
74
19
—
13
—
—
7
—
336
1991
189
96
—
—
14
—
—
1
—
300
1994
187
87
—
—
22
—
—
3
—
299
2002
146
82
—
—
48
1
—
1
—
278
2021
130
69
2
—
34
—
—
1
27
263
Родови
Трново е мешано албанско-влашко-македонско село.
Родови во селото се:
Албански родови: Зеро (2 куќи) доселени се од јужна Албанија, дошол основачот на родот Узеир, го знаат следното родословие: Максут (жив на 62 г. во 1950-тите) Алил-Беќир-Муарем-Узеир, кој дошол во селото; Рамизовци (4 куќи), Аметовци (2 куќи), Љатифовци (2 куќи), Мемедовци (1 куќа), Рустемовци (1 куќа) и Ибраимовци (1 куќа) доселени се од истото место од кое се доселени и родот Зеро; Јусуфовци (1 куќа) доселени се во турско време од селото Снегово.
Влашки родови: Гушо (1 куќа), Бошковци (1 куќа), Дервен (1 куќа) и Стерјани (1 куќа) доселени се од Грамошта и Москополе; Куниовци (2 куќи), Дука (5 куќи), Адамовци (2 куќи), Пецо (1 куќа), Михалаќи (1 куќа), Алексо (1 куќа), Митруш (1 куќа), Тинка (1 куќа), Лаке (1 куќа) и Минго (1 куќа) потекнуваат од православни Албанци, порано збореле албански, а сега влашки, мешајќи се со Власите. Во родот Дука се знае следното родословие: Тодор (жив на 83 г. во 1950-тите) Јован-Ѓорге-Дуко, основачот на родот кој се доселил, овие родови се доселени од околината на Корча, Колоња и Дарда; Јаневци (2 куќи) потекнуваат од Каракачани, порано зборувале грчки; Маноло (3 куќи), Стојовци (2 куќи) и Маџо (1 куќа) потекнуваат од македонски родови, мешајки се со власите го примиле влашкиот јазик, родот Маноло се доселил од некое околно македонско село, додека другите два рода се доселени однекаде.
Македонски родови: Талевци (4 куќи) доселени се однекаде пред крајот на турското владеење; Петревци (1 куќа), Ставревци (1 куќа) и Писковци (1 куќа) доселени се во 1904 година од селото Ротино; Цветковци (1 куќа) доселени се на крајот од турското владеење од раселеното село Кочишта; Котевци (2 куќи) доселени се од Секирани, а пред да дојдат овде живееле и во Братин Дол; Аргиновци (5 куќи) доселени се во 1920 година од селото Јабланица, Струшко; Димовци (1 куќа) доселени се во текот на Првата светска војна од некое село во Тиквеш.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Магарево.[12]
Саем на локални производи - се одржува секоја година со цел за подобрување на животните услови на руралното население во потпланинскиот регион преку идентификација, промоција на локалните производи, развој на алтернативниот туризам и одржливост на природните ресурси[17].
Личности
Славе Стерјовски - македонски музичар, автор музички нумери од македонскиот и влашкиот мелос;
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.