Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вртешка

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Карбинска
Местоположба

Карта

Координати 41°45′34.25″N 22°25′01.03″E / 41.7595139°N 22.4169528°E / 41.7595139; 22.4169528
Место Вртешка
Општина Карбинци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 2005
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во плачковичкото село Вртешка, Македонија.

Црквата се наоѓа во самото село, веднаш до обновениот планинарски дом „Вртешка“.

Местоположба

Црквата е сместена на крајот на асфалтираниот пристап, кој се спушта од регионалниот пат до некогашното село Вртешка и планинарскиот дом.

Историја

Црквата била подигната како параклис во 2005 година од страна на дарители од Штип и истата година е извршено мало осветување.[1]

Архитектура

Фрескоживопис

Црквата е фрескоживописана од страна на зографот Златанов од Скопје.

Камбанарија

Во 2010 година, црквата добила камбанарија, која истата година била и осветена од страна на митрополитот г. Иларион. Камбанаријата била донација на модната конфекција Беас-Астибо и членовите на планинарското друштво „Лисец“ од Штип.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Карбинска парохија“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-02-03. Посетено на 2021-01-23.
  2. „Ѓурѓовден во Кочани и освет на камбанарија во с. Вртешка – Плачковица“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-01-29. Посетено на 24 јануари 2021.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya