Црква „Св. Ѓорѓи“ - Геракари
Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Геракари, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Сè до изградбата на црквата „Рождество на пресв. Богородица“, ова бил парохиски храм на селото.[1] Црквата е изградена во XIX век и била метох на светогорскиот манастир Григоријат. Во првата фаза веројатно бил еднокорабен. Подоцна претрпел бројни интервенции и проширувања, претворајќи го во трикорабна базилика со затворен трем на запад и југ и полукружна апсида на исток. Внатре има дрвен иконостас од XIX век со растителни украси. На иконостасот има неколку преносливи икони од првобитниот инвентар на црквата. Останатите вредни предмети се пренесени во „Рождество на пресв. Богородица“.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia