Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дебреште
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Дебреште.[1] Црквата е сместена во средишниот дел од селото, во непосредна близина на Горна, Камена и Средна џамија. ИсторијаЦрквата била изградена и осветена во 1932 година, а била реновирана во 1979 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна и над него се издига камбанаријата. Таа има четириаголна основа и на секоја страна од горниот дел има по една бифора, додека во долниот дел сместен непосредно наад влезот на црквата има окно во коешто е впишан крст. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Од делови на камбанаријата се забележува и употреба на тули. Внатрешноста на црквата е живописана. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него има помошен објект. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia