Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Битолско)
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Новоселани.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1860 година на темели од стара градба. Во текот на Првата светска војна била разрушена, по што била обновена во 1931 година. Последен пат била обновена во 1990 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа. Влезот е сместен на западната страна и над него има квадратна ниша со фреска на Свети Ѓорѓи. На јужната страна од црквата има три хоризонтално поставени монофори. Објектот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од метална конструкција со квадратна основа и пирамидален лимен кров. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia