Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Прилепско)
Свети Ѓорѓи – главна и единствена селска црква во селото Новоселани.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1837 година, а нејзин ктитор бил Јовче Вајгалески. Иако му било наредено да го изгради храмот со вклопувањето на пет скалика во земјата, тој истото го сторил со вклопување на три скалила, по што бил тепан и измачуван од страна на отоманските власти.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа, полукружна апсида на источната срана и полуобличест свод.[2] Кон западната страна се доградени припрата и помошен објект со правец на протегање север-југ. Влезот на припратата се наоѓа на северната страна и над просторот пред него има продожена натстрешница. Влезната врата на црквата се наоѓа на западната страна и над неа има ниша со фреска на Свети Георги. Внатрешноста на храмот е живописана. Објектот на храмот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со шестаголна основа и се состои од два дела. Долниот дел во целост е малтерисан и варосан и на западната страна се наоѓа влезот, додека горниот дел е изграден од тули и на секоја негова страна има по една монофора. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia