Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово
Свети Ѓорѓи – манастирска црква на Параловскиот манастир.[1] ИсторијаЦрквата била изградена во 1860 или 1878 година, а се петпоставува дека на местото имало средновековна црква.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Ѓорѓи. Непосредно до главниот влез се издига камбанаријата којашто е прилепена до западната страна на храмот. Таа е со квадратна основа и во горниот дел на јужната, западната и северната страна има по една отворена монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на јужната страна, непсоредно до главниот влез на црквата, и над него има празна ниша. Објектот на црквата и камбанаријата во целост е обоено во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди. Црквата е сместена во посебен дел од дворот на манастирот до којшто се влегува преку порта над којашто има бакрорез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата. Во непосредна близина на црквата има мал помошен објект. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia