Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово
Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Паралово.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри источно од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот на селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1860 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставена Богородица со Исус, а храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто целосно е оштетена и не е забележително што е прикажано на неа. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта и разрушен помошен објект. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia