Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пејзаново
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Пејзаново, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е најверојатно изградена во 1800 г.[1] Според други податоци, храмот е од 1867 г.[2] Нема зачуван натпис за изградбата, но архитектурата и иконостасните икони се од првата деценија на XIX век, и датирањето се води по нив.[3] Во 1885 г. е подигната величествена камбанарија.[1] Во 1867 г. црквата е проширена на запад, како што се гледа од внатрешната колонада и натписот на внатрешниот влез. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Иконостасот е насликан во 1812 г. и важи за одличен пример за копаничарската уметност. Иконите и полилејот се од истиот период.[1] Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia