Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пресил
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во крушевското село Пресил, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа на мало возвишение над селото во рамки на археолошкото наоѓалиште „Св. Богородица“. МестоположбаЦрквата е сместена во јужниот дел на селото Пресил, на мало возвишение.[3] ИсторијаЦрквата е подигната на темелите на постарата истоимена црква, која тука постоела, кога во селото живеело само македонско население.[4] Во 1961 година биле вршени археолошки истражувања на археолошкото наоѓалиште „Св. Богородица“, при што се најдени остатоци од црква од типот на впишан крст, веројатно од XIV век, која лежи врз постари темели. Под подот на црквата и околу неа се ископани 21 гроб, оградени и покриени со камени плочи. Најдените материјали потекнуваат од средниот век до XIX век, до кога се вршело погребување на овој терен.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia