Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ресен
Св. Великомаченик Ѓорѓи — црква во градот Ресен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Ресенско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Во црквата има две римски надгробни плочи од мермер. Едната е вградена во подот со натписот нагоре, а другата е во западниот ѕид однадвор. Таа стела има две полиња, на кои релјефно се претставени бисти на маж и жена. Плочите ое селото Козјак.[1] „Свети Ѓорѓи“ долго време била единствената црква во Ресен. Во 1844, 1846 и 1848 година во неа работеле истакнатите зографи Михаил Анагност и син му Никола Михајлов.[2] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович напишал во „Очерк путешествия по Европейской Турции“:
Во 1872 г. со создавањето на Бугарската егзархија започнале жестоки борби помеѓу бугарската и грчката пропаганда. Така, во 1894 г. егзархиската општина ја изградила втората црква во градот — „Св. Кирил и Методиј“, додека „Св. Ѓорѓи“ продолжила да работи под врховенството на Цариградската патријаршија.[5] Во 2012 г. градските власти решиле да постават часовник на камбанаријата на „Св. Ѓорѓи“. Ова бил потег за конечно враќање на градскиот часовник по уништувањето на старата Саат-кула во градот.[6] Слики
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia