Црква „Св. Ѓорѓи“ - Сирково (стара црква)

Свети Ѓорѓи

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Росоманска
Местоположба

Карта

Координати 41°30′13″N 21°53′21″E / 41.50361°N 21.88917°E / 41.50361; 21.88917
Место Сирково
Општина Росоман
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Ѓорѓи Победоносец
Изградба 1938
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — една од двете селски цркви со истото име во тиквешкото село Сирково, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа на еден рид јужно од селото Сирково.

Историја

Црквата е изградена во 1938 година и се наоѓа на педесетина метри од новоизградената црква која го носи истото име. Црквата била осветена, но нема податоци кога било извршено осветувањето.[2]

Во 2006 година, црквата била препокриена со нови ќерамиди.[2]

Архитектура

Црквата имала камбанаријата, која подоцна била срушена од страна на еден од мештаните, кој подоцна загинал од гром.[2] Според состојба од 2023 година, црквата има нова камбанарија.

Фрескоживопис

Храмот не поседува фрескоживопис.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Повардарска епархија - Росоманска парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. Посетено на 2025-02-01.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya