Општина Росоман
![]() ![]() Општина Росоман — општина во централниот дел на Република Македонија. Градоначалник е Стојан Николов. Општинско седиште е селото Росоман. Создадена е со одделување од Општина Кавадарци во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите. ГеографијаРосоман е една од помалите рурални општини и се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Според апсолутната надморска височина, таа се вбројува во една од најниските општини во Македонија. Атарите на населбите се распространети во Росоманското Поле, односно во долното течение на Црна Река, која поминува точно низ средишниот дел на територијата на општината. Има правец на протегање североисток-југозапад. Од североисток се граничи со Општината Неготино, од исток, на југ и југоисток со Општината Кавадарци, од југозапад со Општината Чашка и од северозапад со Општината Градско. Низ општинското седиште Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта кои водат за Скопје. ДемографијаОпштината Росоман се состои од 10 населби. Сите се низински, освен населбата Мрзен Ораовец, која се наоѓа на апсолутна надморска височина од 570 м. Во општината живеат 4.141 жител, од кои 3.694 (89 %) се Македонци, 409 (10 %) се Срби итн. Густината на населеност изнесува 31 жит./км2, со што таа се вбројува во ретко населените општини во Македонија. Во споредба со 1994 година, бројот на жителите во општината е намален за 259 (5,9 %).
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Росоман е Бранко Јанев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Росоман е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ВМРО-ДПМНЕ: 4 места СДСМ: 3 места НДМ: 1 место ЛЕВИЦА: 1 место Култура и спортВо Росоман има еден фудбалски клуб, „ФК Росоман 83“, којшто се натпреварува во Третата македонска лига. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia