Црква „Св. Ѓорѓи“ - Солун (XVI век)
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија, метох на светогорскиот манастир Григоријат. МестоположбаЦрквата се наоѓа недалеку на запад од Ротондата, на улица „Апостолос Павлос“.[1][2] Историја![]() Откако Османлиите завладеале со градот, тие го претвориле храмот „Св. Архангели“ (Ротонда) во џамија. „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1591 г. и во неа се пренесени сите свети работи и иконите од „Св. Архангели“. Првично била под управа на Солунската епархија и му припаѓала на мал манастир. Во 1700 г. преминала под манастирот Григоријат на Сета Гора, станувајќи негов метох. Во 1758 г. солунскиот митрополит Гаврил III го потврдил правото на сопственост на Григоријат врз „Св. Ѓорѓи“, но црквата постепено пропаднала поради негрижа. Во 1815 г е направена основна обнова. Денес црквата е наполно обновена градба без архитектонски забележителности.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia