Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Трубарево
Свети Георги Победоносец или Свети великомаченик Георги — македонски православен храм во скопското село Трубарево. Храмот се наоѓа веднаш од левата страна на локалниот пат што води од Скопје (наслебите Маџари и Хиподром) кон Петровец и Катланово. ОписЦрквата е нова градба,а била осветена 1982 година. На ова место уште од турско време постоел крст, каде месното население секоја година се собирало за време на верскиот празник Ѓурѓовден. За да се ове ковечи ова традиционално свето место, кое со векови било собиралиште на верниците, по иницијатива на месното население подигната е црквата.Црквата била изградена на место каде, според верувањата, луѓето од најстари времиња се собирале да го прославуваат верскиот празник посветен на свети Ѓорѓи. Црквата е обновена и украсена со фрески и икони. Во поново време е изградена и црковната камбанарија, како и оградата околу црквата.[1] Наводи
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia