Црква „Св. Јован Богослов“ - Богословец
Свети Јован Богослов — главна селска црква во селото Богословец.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во југозападниот крај од селото, на повисок предел од северната падина на планината Богословец, што ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаПред изградбата на денешната црква во селото имало храм посветен на истиот светец којшто се наоѓал во месноста Пропадиште. Таа црква била од средниот век и се споменува во 1300 година како метох на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Скопје. Околу 1875 година, местото во Пропадиште се повклеко и црквата се срушила.[2] Денешната црква е изградена во 1825[3], 1866[4] или околу 1878[2] година од непознати мајстори и претставува најголем објект од овој период на подрачјето на Овче Поле.[4] Од тој период се и иконите, кои главно се изработени од Андон од Папрадиште, син му Ангелко, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и други автори.[3] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна со правоаголна основа и има три полукружни апсиди на источната страна, од кои средишната е поголема од страничните. Кон јужната, западната и северната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Јован Богослов. Храмот има и спореден влез на северната страна над којшто исто така има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. На североисточниот раб од црквата е забележителен орнамент во облик на глава од овен. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од икони во четири реда. Според начинот на обликување и украсување на таваниците и појавата на профани елементи во внатрешното украсување, забележително е големо влијание од црквите изградени по примерот на градителот Андреј Дамјанов.[4] Во дворот на црквата има чешма и камбанарија. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела, од коишто долниот е затворен, а горниот отворен. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia