Црква „Св. Јован Крстител“ - Лески
Свети Јован Крстител — православна црква кој се наоѓа во виничекото село Лески.[1] ИсторијаЦрквата е една од најстарите во Општина Виница. Годината на градење не е точно позната, меѓутоа над источниот влез на првобитната црква, која подоцно е доградена, на фреската над вратата има натпис во кој пишува дека во 1874 год. се извршени преправки на црквата. Натписот е доказ дека црквата била градена многу порано вороватно во првата половина од 19 век.[2] Во Брегалничаката епархија годината на градба е напишана 1848.[3] Забележително е тоа што во оваа црква се вградени остатоци од старата средновековна црква „Св. Јован Опсеча“„ која се наоѓала на местото на денешните гробишта, поточно надвратниците, довратниците и стариот кирилски натпис.[4] ЖивописВо внатрешноста има дрвен иконостас, со четири реда икони, од кои наистарите иконите во најдолниот дел со мотиви од стариот завет, сликани од локални мајстори. Иконите укажуваат на различни периоди во сликањето а и сликарскиот ракопис укажува на различни мајстори.[2] ПоврзаноЦрквата во XX век е доградена, надградена и реновирана, со што има добиен сосема нов лик за разлика од првобитниот. Во дворот на црквата се изложени остатоци од камена пластика од старата црква.[2] ГалеријаНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia