Црква „Св. Јован Претеча“ - Вич
Свети Јован Претеча и Свети Ѓорѓи (грчки: Τιμίου Προδρόμου και Αγίου Γεωργίου Ελευθερωτή) — црква во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] МестоположбаЦрквата е сместена на билото на врвот Вич, над селото Блаца. ИсторијаХрамот е подигнат во спомен на грчките владини војници загинати во победоносната борба со партизаните на ДАГ во решавачката Битка на Вич во август 1949 г. со која е ставен крајот на Грчката граѓанска војна. До неа има и споменик на победата.[1] Следната Битка на Грамошта (Грамос) завршила на 29 август 1949 г., односно на празникот Отсечение (обезглавувањето на Јован Крстител) и затоа храмот го носи неговото име, како и на Свети Ѓорѓи Победоносец.[1] Камен-темелникот на црквата е удрен во 1980 г. од митрополитот Григориј II Костурски, но со неговата смрт изградбата е запрена. Градежните работи продолжиле по доста време, за на 26 јуни 2010 г. храмот да биде осветен од митрополитот Серафим Костурски.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia