Црква „Св. Јован Претеча“ - Пожарско
Свети Јован Претеча (грчки: Αγίου Ιωάννη του Προδρόμου) — црква кај селото Пожарско, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Според преданието, црквата е изградена околу 1800 г., но архитектонските особености укажуваат на средината на XIX век.[1][2] Претставува трикорабна базилика со женска црква и трем на запад и југ. Има три влеза — два од југ и еден од запад. Прозорците се мали.[1] Самостојната кула-камбанарија на запад од храмот подоцна е урната.[2] Женската црква на запад има убав дрвен парапет со решетки. Столбовите се дрвени и малтерисани. Царските двери се резбани.[1] Црквата е живописана во последните десетлетија на XIX век.[2] Над јужниот влез однадвор има фреска на покровителот Јован Претеча. Забележителна е преносливата икона на Архангел Михаил од 1871 г.[1] Црквата е прогласена за историски споменик на 5 април 1999 г.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia