Црква „Св. Јован Серски и Св. Лука Симферополски “ - Сер
Свети Јован Серски и Свети Лука Симферополски (грчки: Ιερό Παρεκκλήσιο Αγίου Ιωάννη του Σερραίου και Αγίου Λουκά του Ιατρού) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1] ИсторијаХрамот се наоѓа на улица „Елевтериос Венизелос“ бр. 143 во западното маало Каменица, местото на старо сиропиталиште. Посветен е на новомаченикот Јован Серски, настрадан за верата во 1480 г. и на рускиот лекар, епископ и новомаченик Лука Симферополски (1877 - 1961). Изграден е од митрополитот Теолог Серски и е отворен во на 3 октомври 2009 г. Градбата претставува ротонда со купола. Во црквата има мошти на Лука Симферополски, подарок од манастирот „Пресв. Богородица Добренска“ во Берско.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia