Црква „Св. Ана“ - Олевени
Света Ана — селска црква во битолското село Олевени, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа западно од денешното село, на повисок терен во планината,[2] до кој се стигнува преку земјен пат, кој започнува од сретселото во денешното село Олевени. ИсторијаЦрквата заедно со уште три други храма постоеле на местото на некогашното старо село Олевени, а била обновена заедно со останатите во 1936 година.[2] АрхитектураВо самиот храм има вградено плоча со старогрчки натпис од 13 реда, кој потекнува од IV век пред н.е.[3] Плочата е вградена лево од западниот влез во црквата, а внатре во нејзе во близина на јужниот ѕид се наоѓа и еден ранохристијански мермерен елемент. Според кажувањата на мештаните од Олевени, на местото на оваа црква се наоѓала и една мермерна скулптура, која градителите ја поставиле на постамент од цигли, прилепен до јужниот ѕид во внатрешниот дел на црквата, но набрзо потоа, некој ја украл.[4] За плочата се верува дека е споменик подигнат во чест на победата на кралот Филип V против ограбувачите Дарданци. Иако во голема мера редовите не се читливи, епиграфичарите успеале да идентификуваат и запишат неколку редови, а доказ дека се работи за споменик во чест на победата над Дарданците се забележува во последните три реда, каде слободено преведено пишува „Царот Филип за победата над Дарданците“.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia