Црква „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ - Нестрам
Свети Архангели Михаил и Гаврил (грчки: Ταξιαρχών Μιχαήλ και Γαβριήλ) — црква во селото Нестрам, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот се наоѓа во маалото Горнени. Изграден е во 1858 г. Претставува голема трикорабна базилика со шест мали надолжни куполи.[1] Изградена е од месни мајстори на местото на постар храм користејќи делкан камен.[2] До 1950 г. во неа се чувала уникатна дрвена статуа на Свети Ѓорѓи, слична на онаа во „Св. Ѓорѓи“ во Галишта. Денес за неа се знае само од описи.[3] Во црквата стои забележителен дрвен иконостас со фина резба и вредни икони од XIX век.[4] Во храмот се зачувани и два проскинитара со впечатлива резба, од кои на десниот има исклучлително вредна икона на Богородица од 1780 г, дело на зограф од Линотопи со дарителски натпис на линотопоското семејство Димитриу.[1] Во 1971 г. е изградена нова камбанарија, на поинакво место од старата. Сместена е на западната страна на храмот и претставува многуаголна камена градба со две камбани.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia