Црква „Св. Архангел Михаил“ - Виница
„Свети Архангел Михаил“ — православен храм во градот Виница, Источна Македонија. ИсторијаЦрквата е една од поголемите цркви во Виничко и се наоѓа во центарот на градот Виница. Црквата е посветена на Св.Архангел Михаил. Изградена е во 1850 год. за што сведочи мермерната плоча со натпис над влезната врата, во која се споменува годината на ѕидањето, 1850, султанот Меџид Абдула и археопископот Климент. Не е утврдено дали црквата е градена тогаш или само обновена. Во 1970 год. е срушена и на истото место во 1973 год. е изградена поголема трикорабна базилика со полукружна апсида одвнатре и седмострана однадвор. Направена е од кршен камен и малтер и со дрвен рамен таван. Со новите доградувања црквата добила нагласена издолжена форма.[1][2] ЖивописФрескоживописана е во 20 век од страна на ликовниот уметник Цветков Венко од Штип. Над западниот влез е украсена со мозаик на кој е прикажан Св. Архангел Михаил. Црквата има регистрирано 96 икони, од кои 69 се на дрвениот иконостас изработени во 19 век. Две икони се датирани. “Св. Теодор Тирон” од 1890 г. , и “Св. Богородица со Христос” од 1899 г. Иконата на кој е претставен Св. Пантелејмон од 1890 г. е реставрирана во 1917 г.[1][2] ПоврзаноЦрквата својот патрон го прославува на 21 Ноември на денот на Св. Архангел Михаил. Светител на тие простори бил почитуван уште во ранохристијанскиот период и на кој е посветена теракотна икона Св. Архангел Михаил. Црквата располага со сопствена библиотека.[1][2] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia