Црква „Св. Архангел Михаил“ - Драмче
Св. Архангел Михаил (или Шарена црква)[1] — црква во делчевското село Драмче. Му припаѓа на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[2] Црквата е изградена во месноста Еремија на крајот од XVII или почетокот на XVIII век.[1] Претставува еднокорабна градба.[1] Престолните икони се дело на истакнатиот зограф Григориј Пецанов од Струмица.[1] Целосно е живописана во XVIII – XIX век, поради што го носи името „Шарена“, но фреските се уништени поради неколку пожари.[3] На царските двери е напишана годината 1841 кога се правени, но се претпоставува дека иконостасот е многу постар.[1] Првото селско училиштеВо црковниот двор се е наоѓало првото училиште во Драмче, основано во 1869 г. Наставата се одвивала во овој објект сè до 1922 г. кога е изградена нова зграда. Училиштето е затворено во 2009 г. Празничен соборСекоја година на празникот Архангел Михаил (21 ноември) во црковниот двор се приредува традиционален собор на кој се игра изворното оро од Драмче — Копачка.[1][4] Слики
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia