Црква „Св. Петка“ - Селник
Света Петка — главна селска црква во селото Селник.[1] Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Македонија.[2] ИсторијаТочни податоци за изградбата на црквата не се достапни, но според трите слоја на фрескоживописот, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, се претпоставува дека истата била изградена некаде во XIV век.[3] Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“.[4] Во 2001 година, црквата била реконструирана, а во дворот биле изградени помошни објекти. Секоја година на 27 октомври, т.е. на празникот Петковден, во црквата се организира голем собор.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочки. Градена е од кршен камен и вар.[2] Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка. Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626).[4] Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски.[4] Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.[2][3] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia