Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клиново

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Ваташка
Местоположба

Карта

Координати 41°14′20″N 21°56′34″E / 41.23889°N 21.94278°E / 41.23889; 21.94278
Место Клиново
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба XVIII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во кавадаречкото село Клиново, Македонија.[1]

Местоположбата

Црквата се наоѓа во некогашното село Клиново, во кое денес црквата е еден од ретките зачувани објекти.

Историја

За црквата не се зачувани никакви историски извори. Во неа нема натпис.

Во 1860 година, до нејзе била изградена нова црква со големи димензии, исто така посветена на Архангел Михаил. Денес, обете цркви се напуштени.[2][3][4]

Архитектура

Ова е еднокорабна градба со полукружна олтарна апсида на источната страна. Изградена е од плочест камен.

Фрескоживопис

Од фреските е зачуван само еден фрагмент во олтарната конха, од претстава на Богородица Ширшаја. Живописот сличен на оној од црквата „Св. Атанасиј“ во Галиште и најверојатно датира од крајот на XVII век.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Ваташка парохија – цркви и манастири“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 30 ноември 2021. no-break space character во |title= во положба 17 (help)
  3. „Црква Св. Архангел, с. Клиново“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 1 март 2014.
  4. „Св. Архангел, с. Клиново“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya