Црква „Св. Архангел Михаил“ - Кракорница
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во горнореканското село Кракорница.[1] Црквата е гробјанска и е сместена во крајниот источен дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во XV век, а била обновена во 1998 година. АрхитектураГрадбата на црквата е со четириаголна основа. Градена е од тули, во целост е варосана и е покриена со лимен кров. На предната страна на црквата, покрај влезната врата, има уште три квадратни прозорци, при што на левиоет е виснато знамето на МПЦ-ОА, додека на десниот е виснато државното знаме на Македонија. Од двете страни на влезната врата има две мермерни плочи на кои се наведени имињата на добротворите кои помогнале во обновувањето на црквата во 1998 година. Над влезната врата има кружна фреска над којашто се насликани повеќе светци и архангели. Камбанаријата на црквата е во облик на лачна конструкција која се издига над средишниот дел од кровот на црквата, при што ѕвоното е сместено во просторот образуван со лакот. Дворот на црквата е ограден со камена и бетонска ограда, а во него се сместени селските гробишта. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia